Ања Алтхаус, тренер на женската национална репрезентација за ракомет на плажа на Северна Македонија: „Македонците имаат срце за ракометот“
„Моето срце тука се чувствува добро“- тоа е одговорот на Ања Алтхаус на прашањето: зошто, и пет години по завршувањето на професионалната ракометна кариера и натаму живее и работи во Скопје.
Во нејзината извонредна ракометна кариера, Алтхаус со своите клубови трипати се закити со титулата првенец во Лигата на шампионите, двапати со данскиот клуб Виборг и еднаш со унгарскиот Ѓер. И со македонскиот клуб „Вардар“, за кого настапуваше вкупно четири години, постигна големи успеси, и со него стигна до финалето на најсилното женско ракометно натпреварување.
Од 2018 година, кога ја заврши својата професионална кариера, Алтхаус работи како тренер. Од октомври 2023 година ја тренира женската ракометна репрезентација на Северна Македонија. Покрај тоа работи и како репортер за Европската ракометна федерација- ЕХФ.