08 септември 1991 г.
Големо мнозинство од гласачите во тогашната Социјалистичка Република Македонија гласаше за независност од Југославија. Мирољубивата транзиција кон самостојност за време на конфликтите на Балканот во деведесеттите години важи за исклучок.
18 септември 1991 г.
Ханс-Дитрих Геншер, сојузен министер за надворешни работи, се среќава со македонскиот претседател Киро Глигоров.
07 февруари 1992 г.
Ханс-Дитрих Геншер, сојузен министер за надворешни работи, ги прима македонскиот претседател на Влада, Никола Кљусев и министерот за надворешни работи, Денко Малески.
08 април 1992 г.
Сојузна Република Германија отвора германско дипломатско претставништво како Генерален конзулат.
1992
Германското друштво за меѓународна соработка го започнува својот активен ангажман во Северна Македонија во 1992 година. ГИЦ спроведува проекти за поттикнување особено на регионалната соработка и интеграција во регионот на Западен Балкан.
16 декември 1993 г.
Заедничко воспоставување на дипломатските односи меѓу Сојузна Република Германија и Поранешната Југословенска Република Македонија. Истовремено, Генералниот конзулат преминува во Амбасада под раководство на д-р Ханс-Лотар Штепан.
26 јануари 1994 г.:
Објавување на воспоставените дипломатски односи меѓу Сојузната Република Германија и Поранешната Југословенска Република Македонија.
15 март 1994 г
Сојузниот претседател д-р Рихард фон Вајцзекер го прима македонскиот претседател Киро Глигоров во вилата Хамершмит во Бон.
11 април 1995 г.
Д-р Клаус Кинкел, сојузен министер за надворешни работи се среќава со македонскиот претседател на Влада, Бранко Црвенковски и со македонскиот претседател Киро Глигоров во Скопје.
09 и 10 септември 1996 г.
Потпишување на Договор за унапредување и заштита на инвестиции од страна на сојузниот претседател д-р Роман Херцог и македонскиот претседател Киро Глигоров. Херцог е прв претседател на Сојузна Република Германија.што ја посетува Поранешната Југословенска Република Македонија.
16 октомври 1997 г.
Потпишување на Спогодба за соработка во областа на културата меѓу Сојузна Република Германија и Поранешната Југословенска Република Македонија.
09 јули 1998 г.
Д-р Клаус Кинкел, сојузен министер за надворешни работи, се среќава со македонскиот претседател на Влада, Бранко Црвенковски и македонскиот претседател Киро Глигоров во Германија за да разговараат за кризата во Косово и за состојбата во регионот.
1999
Кредитната банка за обнова KfW започнува со својот ангажман и на почетокот ја поддржува изградбата и проширувањето на инфраструктурата. Во фокус на соработката се климата, енергијата, системите за аграр и исхрана.
07 и 08 јуни 1999 г.
Сојузниот претседател д-р Роман Херцог и сојузниот канцелар Герхард Шредер го примаат македонскиот претседател Киро Глигоров во Германија.
23 јули 1999 г.
Сојузниот канцелар Герхард Шредер патува за Македонија на разговори со македонскиот претседател на Влада, Љубчо Георгиевски и македонскиот претседател Киро Глигоров.
2000
Унијата на германските комори за индустрија и трговија отвора претставништво во Скопје и во 2017 г. преминува во Делегација на германското стопанство во Македонија. Припоено кон АХК Северна Македонија е Македонското-германско стопанско здружение, кое со над 155 компании претставува една од најголемите билатерални стопански асоцијации во Северна Македонија. Македонско-германското стопанско здружение е непрофитна организација за економска соработка меѓу Германија и Северна Македонија.
24 ноември 2000 г.
На маргините на самитот на ЕУ, сојузниот канцелар Герхард Шредер, се среќава со македонскиот претседател Борис Трајковски во Загреб. Темата е асоцијација на државите од Југоисточна Европа на Европската Унија.
12 јануари 2001 г.
Јошка Фишер, сојузен министер за надворешни работи, го прима македонскиот претседател на Влада Љубчо Георгиевски и македонскиот министер за надворешни работи д-р Срѓан Керим за билатерални разговори во Берлин.
27 август 2001 г.
Јошка Фишер, сојузен министер за надворешни работи се среќава во Берлин со македонската министерка за надворешни работи, проф. д-р Илинка Митрева, за опширна размена на мислења за состојбата во Поранешната Југословенска Република Македонија.
12 ноември 2001 г.
Јошка Фишер, сојузен министер за надворешни работи, се среќава со македонската министерка за надворешни работи, проф. д-р Илинка Митрева, на билатерални разговори.
16 декември 2002 г.
Јошка Фишер, сојузен министер за надворешни работи, повторно се среќава со македонската министерка за надворешни работи, проф. д-р Илинка Митрева, на билатерални разговори.
2002
Почеток на програмата на Амбасадата за финансиска поддршка на мали проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи. Со овие средства Амбасадата може флексибилно да поддржува мерки што се насочени кон основните потреби на различни групи граѓани.
14 ноември 2003 г.
Сојузниот претседател Јоханес Рау и сојузниот министер за надворешни работи Јошка Фишер, го примаат македонскиот претседател Борис Трајковски. Во фокусот се меѓународни теми како и ангажманот на Европската Унија во Поранешната Југословенска Република Македонија.
05 март 2004 г.
Јошка Фишер, сојузен министер за надворешни работи, патува за Скопје на државниот погреб на македонскиот претседател Борис Трајковски.
Есен 2004
Германската амбасада го организира првиот „Фестивал на новиот германски филм“, кој до денес се одржува секоја година како „Денови на германскиот филм“ во Скопје и во други градови од земјата.
08 јуни 2005 г.
Сојузниот канцелар Герхард Шредер го прима македонскиот претседател на Влада, д-р Владо Бучковски. Во фокусот на разговорите, покрај билатералните теми, е и стремежот на Поранешната Југословенска Република Македонија за влез во Европската Унија и НАТО.
16 октомври 2006 г.
Сојузната канцеларка Ангела Меркел го прима македонскиот претседател на Влада Никола Груевски на разговори во Берлин.
27 октомври 2006
Сојузниот претседател д-р Хорст Келер го прима македонскиот претседател на Влада Никола Груевски во замокот Белви.
2007
Гете-Институт, германскиот институт за култура активен во целиот свет, отвора своја канцеларија во Скопје. Институтот овозможува меѓународна размена во областа на културата, пристап до германскиот јазик и слободен развој на културата и науката.
19 јуни 2007 г.
Сојузниот претседател д-р Хорст Келер ги прима македонскиот претседател Бранко Црвенковски и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во замокот Белви.
17 и 18 април 2008 г.
Сојузниот претседател д-р Хорст Келер се среќава со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и македонскиот претседател на Влада Никола Груевски на разговори во Скопје.
02 мај 2008 г.
Сојузниот претседател д-р Хорст Келер патува на средбата на шефовите на држави на Централно европската иницијатива во Охрид.
Ноември 2008
Првиот божиќен базар на германската Амбасада, кој во следните 11 години станува препознатлива традиција
14 септември 2009 г.
Сојузнот претседател д-р Хорст Келер го прима македонскиот претседател проф. д-р Ѓорге Иванов и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во замокот Белви.
23 септември до 31 октомври 2009 г.
Германската амбасада заедно со Канцеларијата за врски на Гете-Институтот ги организира „Германските недели“ во Скопје. Содржините се меѓу другото: работилници, концерти, дискусии, кратки филмови и читања, кои ја интензивираат германско-македонската културна размена.
19 декември 2009 г.
Од овој датум државјаните на Поранешната Југословенска Република Македонија може да патуваат без виза за Германија и во целиот шенген-простор за краток престој до 90 дена.
25 февруари 2010 г.
Д-р Гидо Вестервеле, сојузен министер за надворешни работи, го прима македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски на разговори во Берлин.
5 септември 2011 г.
Д-р Гидо Вестервеле, сојузен министер за надворешни работи, го прима македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на разговори во Берлин.
14 февруари 2012 г.
Сојузната канцеларка Ангела Меркел и македонскиот претседател на Влада Никола Груевски се среќаваат на разговори во канцеларијата на Сојузниот канцелар во Берлин.
20 март 2012 г.
Д-р Гидо Вестервеле, сојузен министер за надворешни работи, го прима македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на разговори во Берлин.
22 февруари 2013 г.
Д-р Гидо Вестервеле, сојузен министер за надворешни работи, ја посетува Поранешната Југословенска Република Македонија за да разговара со неговиот македонски колега, Никола Попоски, претседателот д-р Ѓорге Иванов и заменикот на претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.
24 април 2013 г.
Д-р Гидо Вестервеле, сојузен министер за надворешни работи, го прима македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на разговори во Берлин.
Август 2014 г.
На покана на сојузната канцеларка Ангела Меркел во Берлин се одржува првиот настан на таканаречениот Берлински процес, платформа за соработка на шестте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Поранешната Југословенска Република Македонија и Србија.
04 јули 2016 г.
Со поддршка на Берлинскиот процес се основа Регионалната канцеларија за младинска соработка од шестте држави на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Поранешната Југословенска Република Македонија и Србија. Целта е преку програмите за младинска размена да се поддржи помирување и соработка меѓу младите во регионот.
06 септември 2017 г.
Сојузниот министер Зигмар Габриел го прима македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на разговори во Берлин.
21 до 22 февруари 2018 г
Македонскиот претседател на Влада Зоран Заев со владина делегација се среќава со сојузната канцеларка Ангела Меркел и сојузниот претседател Штајнмајер во Берлин.
08 септември 2018 г.
Претседателот на Влада Зоран Заев ја пречекува сојузната канцеларка Ангела Меркел во Скопје.
18 до 19 септември 2018 г.
Сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас доаѓа во посета на Скопје и се сретнува со претседателот на Влада Зоран Заев и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
септември 2018 г.
Спогодбата за меѓусебно признавање на возачки дозволи стапува на сила.
19 до 20 септември 2018 г.
Сојузната министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен се сретнува во Скопје со претседателот на Влада Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
07 до 08 ноември 2018 г.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров оди во посета на Берлин и освен разговори со министерот за надворешни работи Хајко Мас има термини и со Комисијата за надворешни работи, фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт.
29 април 2019 г.
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев учествува на Самитот за Западен Балкан во Канцеларијата на сојузната канцеларка во Берлин.
14 мај 2019 г.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров држи говор во Бундестагот
13 јуни 2019 г.
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев се среќава со сојузната канцерка Ангела Меркел на политички разговори во Берлин.
24 и 25 јуни 2019 г.
Претседателот на државата Стево Пендаровски на прва официјална посета во Берлин по стапувањето на должност, каде се сретнува со сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас.
12 и 13 септември 2019 г.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров оди во посета на Берлин, каде меѓу другото се сретнува и со министерот за надворешни работи Хајко Мас.
13 ноември 2019 г.
Претседателот на Влада Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров го пречекуваат сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас во Скопје.
03 до 04 мај 2021 г.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи патува за Берлин и се среќава на разговори со сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас како и со пратеници од Бундестагот.
28 август 2021 г.
Претседателот на Влада Зоран Заев заедно со својот грчки колега Алексис Ципрас ја добиваат наградата за мир на Вестфалија за Преспанскиот договор.
14 септември 2021 г.
Средба на претседателот на Влада Зоран Заев, заменик-претседателот на Влада Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи со сојузната канцеларка Ангела Меркел во Тирана.
04 октомври 2021 г.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи патува за Берлин и се сретнува со сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас.
16 до 19 мај 2022 г.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во посета на Бундестагот со група парламентарци.
11 јуни 2022 г.
Сојузниот канцелар Олаф Шолц во посета на Скопје каде се среќава на разговори со претседателот на Влада на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.
20 октомври 2022 г.
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски патува во Берлин на средба на министрите за внатрешни работи во рамките на Берлинскиот процес.
21 октомври 2022 г.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи патува за Берлин на средба на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес.
03 ноември 2022 г.
Претседателот на Влада Димитар Ковачевски патува за Берлин на Самит во рамките на Берлинскиот процес.
29 ноември до 01 декември 2022 г.
Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во посета на Северна Македонија, држи говор во македонското собрание и води политички разговори со, меѓу другите, претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Влада Димитар Ковачевски.
22 до 23 март 2023 г.
Сојузната министерка за надворешни работи Аналена Бербок во посета на Скопје води разговори со претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Влада Димитар Ковачевски, заменик-претседателот на Влада за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и членови на Комисијата за надворешни работи.
28 јуни 2023 г.
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи на покана на сојузниот канцелар Олаф Шолц на разговори во Берлин.
02 до 04 октомври 2023 г.
Сојузниот министер за исхрана и земјоделство Џем Оздемир во посета на Северна Македонија на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, држи говор пред студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, посета на СВГ во Скопје.
29 до 30 ноември 2023 г
Сојузната министерка за надворешни работи Аналена Бербок учествува на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.
Photos © picture alliance,
Photos © Deutsche Botschaft Skopje