На 16 декември 1993 год. се воспоставија германско-македонските дипломатски односи. Соработката меѓу Германија и Северна Македонија е разнолика и таа континуирано расте. Блиската врска меѓу луѓето нуди стабилна основа за тоа. Тука ќе Ви ги претставиме некои од лицата, кои во изминативе 30 години оставија белег на односите меѓу нашите две општества како и уште неколку мислења од општеството за овие односи.
Дополнително на јубилејната веб-страница ќе најдете и преглед на најзначајните настани, има и квиз, а воедно е прикажано и победничкото видео од видео-натпреварот, на којшто учествуваа млади филмски работници на наша покана по повод „30 години германско-македонски односи“.