Саша Ќириќ

Саша Ќириќ, македонски фудбалер: „Во Германија нѐ прифаќаат нас и нашата култура“

Саша Ќириќ имаше долга и успешна фудбалерска кариера во Германија. Фудбалскиот живот го однесе од татковината до некои од најголемите германски фудбалски клубови како Ајнтрахт Франкфурт и Нирнберг.

Првиот професионален договор со фудбалскиот клуб Нирнберг го потпишал во 1998 година, на неговиот роденден на 11 јануари. Во следните осум и пол години од својата кариера како фудбалер постигнал речиси 100 гола и стана миленик на публиката. Со градот Нирнберг, чиј почесен граѓанин е, како и со клубот има редовен контакт и по своето враќање.