Силвера Падори – Кленке

Силвера Падори – Кленке, новинарка: Моите години во Берлин

Силвера Падори – Кленке, родена 1956 година, студирала англистика и новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а долги години работела како уредник во дневниот весник Вечер. Крајот на 90тите години таа добила стипендија од друштвото Карл Дуизберг од Келн, а паралелно била и гостински уредник во Дојче Веле. Од 2000 година, Силвера Падори-Кленке живее во Берлин. Тука работела како германски кореспондент  за македонските медиуми , а и како уредник во РББ , радиодифузија за Берлин и  Бранденбург  и за Дојче Веле. Од 2016 до 2022 година, работела како советник за вработување и доцент за образование за возрасни мигрантки и мигранти. Сега веќе  е во пензија, но не и во мирување. Во нејзиниот радио-прилог „Моите години во Берлин“ којшто беше продуциран за јубилиејот на германско-македонските дипломатски односи, Силвера Падори-Кленке дава личен осврт на сопствената новинарска кариера, исполнета со настани и случувања.