Лукас Мирингер

Лукас Мирингер: Горди сме на нашиот придонес во економскиот развој

Од основањето на Дрекслмајер Македонија во 2012 година, воспоставивме одлично партнерство со Амбасадата на Сојузна Република Германија и го одржуваме до ден-денес. Како германски инвеститор и снабдувач на премиум автомобилската индустрија, ние сме горди што сме еден од најголемите работодавачи во земјата и што даваме значаен придонес за економскиот развој.

Во духот на заедничките напори за поддршка на заедницата со која се чувствуваме тесно поврзани, нам ни е особено важно да поддржуваме социјални проекти. Покрај нашите општествени определби, Дрекслмајер Македонија инвестира и во образованието, спортот, здравството и културата, при што даваме важен придонес за одржливиот социјален и економски развој на заедниците во кои сме присутни.

Воодушевени сме од нашата долгогодишна соработка со германските институции како што е АХК. Како пионер во дуалното стручно образование според германските стандарди, тесно соработуваме со нашите партнерски технички училишта и AHK за да обучиме квалификувани специјалисти за индустријата. На овој начин на учениците не само што им нудиме можности за учење, туку и можности за професионален развој преку директно вработување во нашата компанија.

Нашето долгогодишно партнерство, кое се карактеризира со одговорност и меѓусебна доверба, претставува цврста основа за Дрекслмајер Македонија да продолжи успешно да ја обликува мобилноста на иднината.