Александар Спасов

Проф. д-р Александар Спасов, правен експерт и советник на претседателот на државата Стево Пендаровски: „Од времето кога бев во Германија си имам македонско и германско презиме и горд сум на тоа“

Времето поминато во Германија е клучниот сегмент во неговиот професионален развој.  Уште од студентските денови изградил силна врска со Германија, а денес е вонреден професор на Правниот факултет во Скопје и надворешен советник на претседателот на државата Стево Пендаровски за уставно право и надворешна политика (со фокус на односите со Германија).

Стипендијата на Баварската покраинска влада му дава прилика за првпат да се сретне со германскиот јазик и култура на Универзитетот во Бајројт. Потоа приказната продолжила и во следните децении: со посета на Универзитетот „Хумболт” во Берлин, како стипендист  во германскиот Бундестаг и како визитинг студент-истражувач на Институтот „Макс Планк” во Хајделберг за компаративно јавно право и меѓународно право.

Контактите и искуствата од тогаш му користат и ден денес, вели професор Спасов.

Дополнително, искуството како секретар и претседател на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, како што вели, му овозможило непосредно да го искуси квалитетот на соработката меѓу двете земји, но и да открие работи што не се видливи на прв поглед.

Еве како гледа професор Спасов (или по германски Шпасов) на германско-македонската соработка: