Достана Мустафче

Достана Мустафче: Најмногу ја бараат баклавата „Ангела Меркел“

Од сите турски специјалитети и баклави кои ги нуди во својот дуќан во Старата турска чаршија во Скопје, на Достана Мустафче убедливо најдобро и се продава онаа која ја нарекла „Ангела Меркел“. Голема желба на Достана било да живее во Германија, но желбата никогаш не и се остварила. Наместо во Германија, со сопругот заминала во Турција, од каде, по долги години печалба се вратила во родното Скопје.

Сега, во своето мало дуќанче произведува и продава разни специјалитети, но притоа, како што вели, редовно ја следи и германската политика. Многу го почитувала и поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Но, за него нема посебна баклава, како што има за неговата наследничка во партијата и во државата- Ангела Меркел. А причината за тоа е што, според Достана Мустафче, Меркел била и добра домаќинка и добра политичарка.