Марта Наумовска-Грнарова

Марта Наумовска-Грнарова, претприемач: Историјата на Завар е тесно поврзана со Германија

Марта Наумовска-Грнарова е на чело на македонското претпријатие „Завар“. Тоа е семејно претпријатие, кое годинава ја прославува 35 годишнината од своето постоење, а уште од своите почетоци негува тесни врски со Германија, нагласува Марта Наумовска-Грнарова.

Во изминатите 10 години, „Завар“ се концентрираше на производство на процесни постројки за фармаколошката и хемиската индустрија, додека сестринската компанија „Завар Дизајн“ произведува грејни тела со специфичен дизајн. Токму поради тоа, во 2020 година во Германија претпријатието беше одликувано со престижната германска награда за дизајн во категоријата „Одличен дизајн на производ од енергетиката“.