Д-р Срѓан Керим

Д-р Срѓан Керим, прв амбасадор на Поранешната Југословенска Република Македонија во Германија и носител на германскиот Сојузен орден за заслуги: „Мојата средба со Хелмут Кол“

Д-р Срѓан Керим има безброј анегдоти од неговата, речиси, 40-годишна дипломатска кариера: во овој период запознал повеќе од 3.750 личности од светот на дипломатијата, политиката, културата, образованието, науката, спортот.

Но, највпечатлива за него е средбата со поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Ја смета за еден од најголемите успеси во неговата дипломатска кариера. Керим беше првиот амбасадор на независната Поранешна Југословенска Република Македонија во Германија, а функцијата ја извршувал од 1994 до 2000 година.

Во редот на големите успеси го вбројува и Орденот за заслуги на Германија – највисокото одликување што еден странски државјанин може да го добие. Тогашниот германски  претседател Хорст Келер, му го врачил ова признание на Керим 2008 година. Керим е еден од само тројцата македонски државјани кои се закитиле со ова признание во изминатите 30 години.

Круна на дипломатската кариера на д-р Керим беше неговиот избор за претседавач со Генералното Собрание на Обединетите нации во 2007 година.