Детлев Шлот

Детлев Шлот и Дагмар Нојбахер, германски сопружници што ја одбраа македонската татковина: „Ни се допаѓа животот тука“

Од Германија, преку Маурициус и Малезија, животот и работата ги донеле Детлев Шлот и Дагмар Нојбахер во Северна Македонија. Госпоѓа Нојбахер работи во текстилниот сектор, а господин Шлот, кој долги години предавал германски јазик, а еден период поседувал и книжарница во Скопје, сега е пензионер. Тој се грижи за семејната куќа и градината во селото Петровец, за кучето и мачето, и ја поддржува сопругата во нејзината работа.

„Ни се допаѓа животот во Петровец“, вели господин Шлот, и раскажува за градината со стари овошни дрвја и малку зеленчук, како и за добрите соседи. Наскоро со сопругата ќе прослават 20 години откако се преселиле во Северна Македонија. Се надеваат дека тука и ќе останат.

Детлев Шлот има многу што да раскаже од изминатите две децении живеење во Скопје и околината: за убавата храна, прекрасното овошје и зеленчук, домашната ракија, средбите со кучињата-скитници, патешествијата на Солунска глава… но одбра да ни го пренесе неговото искуство со вадењето дозвола за престој во Секторот за странци на МВР или она што странците  го нарекуваат „9-от кат на зградата на МРТВ“: