Георги Шарески

Георги Шарески, музичар и компонист: „Во Берлин имав чувство дека сум на вистинското место.“

Георги Шарески, роден 1983 г. во Скопје, студирал џез-композиција и -аранжман во  „Berklee College of Music“ во Бостон. Од дипломирањето во 2005 год. објавил девет носачи на тон, компонирал и аранжирал музички дела за сосема различни бендови и формации и настапувал како музичар на голем број сцени. Во неговите над 100 композиции се вбројуваат и тие за театар, за документарци и видео-инсталации. Во 2009 г. за првпат дошол во германскиот главен град преку проект на МНТ.

„Тогаш имаше соработка со „Neuköllner Oper“, многу убаво место за настап во Берлин. Бев само неколку дена таму, но веднаш се вљубив во градот. Владееше многу пријатна атмосфера, голема отвореност кон уметниците како што ми се чинеше. Во 2013 г. произлезе уште еден проект со „ Neuköllner Oper“, театарска пиеса „Западно“  во која јас со двајца мои колеги од Скопје стоев на бината како музичар. Повеќе од лични, а помалку од професионални причини се вратив во 2014 г. за Берлин и тука живеев до 2019, прекинато со едногодишен престој во Кина, со мојата тогашна сопруга. “

Кога се преселил во Берлин, Шарески прво планирал да продолжи со проекти во областа на театарот. Но, потоа се воспоставило дека не било толку лесно да се дојде до вакви налози на лице место. Затоа тој повеќе се концентрирал на тоа да свири со други бендови и ансамбли и да основа своја група. Личноста, која го придружувала во Берлин од самиот почеток и многу му помогнала, бил германскиот музичар Борис Бел. Двајцата се запознале една година претходно на премиерата на „Westwärts“.

„Борис ми отвори многу врати. Можев да ги користам неговата просторија за проби и опрема и преку него влегов и на концертите. Така наидов на музика што дотогаш не ја познавав, многу од тоа беше многу иновативно. И неговата лична прекугранична работа како музичар и компонист неизмерно ми се допадна. Да се свири со него ми причинуваше голема радост и за мене беше нешто целосно ново, бидејќи вообичаено секогаш јас самиот бев лидер на бенд. Сега со Борис си ја поделив таа задача.“

Заедно со финскиот басист Анти Виртаранта, којшто живее во Берлин, Шарески и Бел го основале триото „Тhe INSTINCTS“. Формацијата веќа имала заеднички настапи во Србија, Хрватска, Македонија и Германија. Пред неколку месеци тројцата музичари веќе ја снимиле својата втора плoча што моментално се миксира. Снимањето било во мало место во близината на Ратено, каде Бел во меѓувреме живее на фарма, свесно отсечен од остатокот од светот.

https://www.youtube.com/watch?v=by6N6UWrbVs

Независно од ова трио, Георги Шарески следи уште еден музички проект што го поврзува со Германија и кој всушност постојано одново го води во земјата за концерти или снимки: соработката со хармоникашот, Марко Јовановиќ. Музичарот со потекло од Минхен живее повеќе од десет години во Берлин и го основал „Harmonica School Berlin“. Двајцата се запознале на уличен концерт во Кројцберг. Минаната година снимиле заеднички албум во Скопје со наслов „Big Love“. Со него патувале многу, а во иднина ќе следат уште голем број настапи.