Арбен Абдурахмани

Арбен Абдурахмани: „Во Германија научив многу“

 

По седум години поминати во Германија, Арбен Абдурахмани се вратил во својата родна земја во 2000 година и оттогаш со успех го гради својот бизнис. Основач е и косопственик на компаниите Везе Шари, Лекер, Електро Шари и Голд Ланд. Вели дека искуството, но и работните навики стекнати во годините минати во Аугсбург, во фирмата на неговиот долгогодишен партнер Херман Земилер, му биле „најважната животна лекција“.

Живинарската фарма „Везе Шари“ денес е еден од водечките производители на јајца во Северна Македонија, и е меѓу ретките чии производи се извезуваат и во земјите на ЕУ.