Тодор Деловски

Тодор Деловски, генерален директор на фирмата „Кнауф Македонија“ и регионален директор на Кнауф за Југоисточна Европа: „Најголемиот предизвик беа разликите во менталитетот“

Професионалниот пат на Тодор Деловски драматично се сменил во 1994 година. Тоа е годината кога адвокатот решил да направи пресврт во кариерата и да му се посвети на бизнисот. А причината за тоа е германската компанија Кнауф.

„Ме привлече најавениот процес на приватизација на комбинатот за гипс во Дебар“, раскажува Деловски за причината поради која се одлучил на новиот предизвик. Дополнително, тука е и фактот што тој како дете живеел во Германија, во градот Нирнберг и го научил германскиот јазик.

Најголем предизвик на почетокот на работата, вели Деловски, биле разликите во македонскиот и германскиот менталитет.

 
„Ни требаше време да се навикнеме едни на други. Додека тоа не го разбравме ни беше мачно. Моментот кога сфативме дека треба да се најдеме на половина пат, беше одлучувачки за да тргнеме заедно кон успехот“, раскажува Деловски.

Го прашавме, што можат Македонците да научат од Германците, и обратно. Еве го неговиот одговор: